• четврток, 26 март 2026

Без вода делови од улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Сејфула“, населбата Топанско Поле со намален притисок

Без вода делови од улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Сејфула“, населбата Топанско Поле со намален притисок

Скопје, 30 април 2025 (МИА) - Поради поврзување на нова водоводна цевка со стара постоечка водоводна цевка Ф 200 мм. на Ф 150 мм. на улица „Кемал Сејфула“ бб прекинато водоснабдување ќе имаат  корисниците од улицата „Џон Кенеди“, дел од „Кемал Сејфула“.

Намален притисок ќе има населбата Топанско Поле чија висока зона ќе биде без вода.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности. сст/мд/

Фото МИА архива

Остани поврзан