• понеделник, 09 февруари 2026

Без вода делови од Неготино и Дуброво поради дефект

Без вода делови од Неготино и Дуброво поради дефект

Неготино, 21 јануари 2026 (МИА) - Без вода во моментов се делови од Неготино и неготинско Дуброво поради дефект.

- Ги известуваме граѓаните кои живеат на Саат кула и сите останати кои со вода за пиење се снабдуваат од Висока зона, како и жителите на Дуброво и фабриката Инка кабли, дека поради дефект на цевководот на улицата Владо Арсов Шпанец, во прекин е водоснабдувањето. Се работи на дефектот и водата ќе биде пуштена веднаш по санирањето, соопштија попладнево од неготинското јавно претпријатие Комуналец. свд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан