Без вода делови од Бутел, Чаир и Кисела Вода
- Без вода денеска од 11:30 часот се дел од корисниците од улицата „Качанички пат“ во општина Бутел, а од 12 часот жителите од улиците „Караџица“, „Кара Трифун“,„Пандо Кљашев“, „Пеју Јаворов“ и „Милан Мијалковиќ“ во општина Кисела Вода и од улиците „Џон Кенеди“ и „Максуд Садик“ во општина Чаир.
Скопје, 19 јули 2025 (МИА) - Без вода денеска од 11:30 часот се дел од корисниците од улицата „Качанички пат“ во општина Бутел, а од 12 часот жителите од улиците „Караџица“, „Кара Трифун“,„Пандо Кљашев“, „Пеју Јаворов“ и „Милан Мијалковиќ“ во општина Кисела Вода и од улиците „Џон Кенеди“ и „Максуд Садик“ во општина Чаир.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекините во водоснабдувањето се поради дефекти на водоводни цевки на улица „Качанички пат“, кај „Овалекс“, на улица „Караџица“ број 7 и на улицата „Џон Кенеди“, на крстосницата со улицата „Македонско-косовска бригада“ во општина Чаир.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на работните активности. мд/нд/
Фото: МИА архива