Бајден го одложи патувањето во Германија и Ангола поради ураганот Милтон
- Американскиот претседател Џо Бајден го одложи планираното патување во Германија и Ангола со цел да остане во Белата куќа за да ги следи можните последици од ураганот Милтон, кој се приближува до Флорида, соопшти денеска Белата куќа.

Вашингтон, 8 октомври 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден го одложи планираното патување во Германија и Ангола со цел да остане во Белата куќа за да ги следи можните последици од ураганот Милтон, кој се приближува до Флорида, соопшти денеска Белата куќа.
Прес секретарката Карин Жан-Пјер рече дека промената на планот е неопходна „со оглед на проектираниот пат и силата на ураганот“.
Не е наведено кога патувањето може да се презакаже.
Бајден вети дека ќе оди во Африка за време на неговиот мандат, кој завршува во јануари. паг/
Фото: ЕПА