• понеделник, 15 април 2024

Повеќе од 50 уапсени на протест во Њујорк, бараа прекин на огнот во Газа

Повеќе од 50 уапсени на протест во Њујорк, бараа прекин на огнот во Газа

Вашингтон, 27 февруари 2024 (МИА) - Околу 50 демонстранти се уапсени во Њујорк додека го повикуваа американскиот претседател Џо Бајден да прекине да ја поддржува израелската Влада и нејзините воени операции во Газа.

Собрани во Рокфелер центарот во Менхетен во обид да го попречат снимањето на интервјуто на Бајден за емисијата „Доцна навечер со Сет Мејерс“ на Ен-Би-Си, демонстрантите извикуваа „Прекинете ја опсадата на Газа веднаш“...

Насобраните демонстранти развиорија транспаренти со натписи „Ослободете ја Палестина“, „Евреите до Бајден: Прекинете да вооружувате геноцид“ и „Целиот свет гледа“.

Бајден дојде во ненајавена посета на соседната слаткарница, каде на новинарите им рече дека се надева дека прекинот на огнот во Појасот Газа ќе биде постигнат до 4 март.

- Се надевам до крајот на викендот... Мојот советник за национална безбедност ми кажа дека сме блиску. Ние сме блиску. Сè уште не сме готови. Се надевам дека до следниот понеделник ќе имаме прекин на огнот, рече Бајден. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан