• четврток, 18 јули 2024

Бајден се сретна со Ердоган на маргините на форумот на Г-20 во Рим

Бајден се сретна со Ердоган на маргините на форумот на Г-20 во Рим
Рим, 31 октомври 2021 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на маргините на форумот на Г-20 во Рим. Според извор од американската делегација, двајцата разговарале за обидот на Турција да купи ловци ЕФ-16 и за почитувањето на човековите права во Турција. Како што пренесуваат странските агенции, денешната средба поминала „во многу позитивна атмосфера“ и двајцата претседатели се „договориле да создадат механизам за подобрување на билатералните односи“. „Тие се фокусираа на основите на НАТО и нивното стратешко партнерство и разговараа за начините за зголемување на трговскиот промет“, јавуваат турските медиуми. Односите меѓу Вашингтон и Анкара се влошија откако Ердоган се закани дека ќе ги протера американскиот амбасадор и странските дипломати од Турција поради барањето за ослободување на познатиот филантроп Осман Кавала. Ердоган подоцна ја повлече својата закана. паг/  

Остани поврзан