Парламентот на Литванија гласаше за повлекување на земјата од Конвенцијата за касетна муниција
- Парламентот на Литванија денеска гласаше за поддршка на повлекувањето на земјата од Конвенцијата за касетна муниција, која забранува производство, складирање, употреба и пренос на ова оружје.

Вилнус, 18 јули 2024 (МИА) - Парламентот на Литванија денеска гласаше за поддршка на повлекувањето на земјата од Конвенцијата за касетна муниција, која забранува производство, складирање, употреба и пренос на тоа оружје.
„Конвенциите се важни кога сите земји ги почитуваат. Проблемот е што Русија, во својата агресија против Украина, не се придржува до нив“, рече литванскиот министер за одбрана Лауринас Касчинас во Парламентот пред гласањето. рп/
Фото: МИА архива