Бајден го потпиша нацрт-законот за финансирање на федералната влада
- Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша нацрт-законот за финансирање на федералната влада, што не вклучува дополнителна помош за Израел и Украина, соопшти Белата куќа.

Вашингтон, 17 ноември 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша нацрт-законот за финансирање на федералната влада, што не вклучува дополнителна помош за Израел и Украина, соопшти Белата куќа.
Бајден го потпишал законот на маргините на гала вечерата во Сан Франциско, каде се собраа лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).
Нацрт-законот не ги вклучува 106-те милијарди долари што администрацијата ги бара за помош за Украина и Израел, на што инсистираат демократите, ниту пак буџетските намалувања што ги бараат републиканците. паг/
Фото: МИА архива