• четврток, 25 април 2024

Бајден го повика Претставничкиот дом итно да одобри воена помош за Украина

Бајден го повика Претставничкиот дом итно да одобри воена помош за Украина

Вашингтон, 17 април 2024 (МИА) – Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска го повика Претставничкиот дом на американскиот Конгрес што поскоро да одобри дополнителна воена помош за Украина и Израел.

Според него, САД треба да ја зголемат поддршката за Украина за да го спречат рускиот претседател Владимир Путин да навлегува во земјите кои се сојузници во НАТО и да се осигура дека тој нема да ги вовлече американските војници во идна војна во Европа.

„Сега не е време да ги напуштиме нашите пријатели. Претставничкиот дом треба итно да ги одобри законите за национална безбедност со помошта за Украина и Израел, како и да ја обезбеди неопходната хуманитарна помош за Палестинците во Газа“, нагласи шефот на Белата куќа во авторски текст за Волстрит Џурнал. јт/

Остани поврзан