• недела, 22 декември 2024

Бар: Американските федерални обвинители да ги откријат мерките што ги кршат уставните права

Бар: Американските федерални обвинители да ги откријат мерките што ги кршат уставните права
Вашингтон, 28 април 2020 (МИА) -  Американскиот државен јавен обвинител, Вилијам Бар денеска им нареди на сите федерални обвинители ширум САД да ги откријат сите рестриктивни мерки, воведени поради новиот коронавирус, на федерално и на државно ниво, што би можеле да претставуваат кршење на уставното право и граѓанската слобода на поединци. Во писмото до адвокатите на САД се наведува дека шефот на Одделот за граѓански права на Министерството за правда и американскиот обвинител на источната област на Мичиген, треба да ги координираат напорите на Министерството за правда за надгледување на политиката на државно и локално ниво и да преземат акција, доколку е потребно. Во писмото исто така се истакнува и дека доколку некоја државна или локална регулатива го надмине ограничувањето на соодветно овластување, за спречување на ширење на Ковид-19 и прерасне во кршење на правата загарантирани со законот и Уставот, Министерството за правда може да има обврска да го реши прекршокот пред федералниот суд. Бар истакна дека Министерството за правда може да ја поддржи правната акција против федералните држави што воведуваат строги мерки додека се намалува бројот  на заразени од новиот коронавирус. Тој посочи дека постои основа за мерката за физичка дистанца, што е во сила, но предупреди  дека зголемената загриженост може да предизвика подолга примена на рестриктивни мерки. Бар додаде дека САД мора да пронајде начин да им овозможи компаниите да се адаптираат и да почнат со работа. Повеќе од милион луѓе се заразени со новиот коронавирус во САД, додека починати се  56.387 лица. ки/ми/

Тагови

Остани поврзан