• вторник, 05 ноември 2024

Барселона шокирана, ПСЖ бара 600 евра за билет за членови на нивната делегација

Барселона шокирана, ПСЖ бара 600 евра за билет за членови на нивната делегација

Барселона, 26 март 2024 (МИА) – Во шпанскиот фудбалски првак Барселона со неверување ја примија информацијата за цените на билетите што ги одреди ПСЖ за натпреварот од Лигата на шампионите.

Не станува збор за билети за навивачи, туку за членови на клупската делегација. Клубот може да ги побара овие билети покрај оние што раководството треба да ги добие според протоколот. На Барселона и се потребни дополнителни билети за членовите на семејството и вработените во клубот. ПСЖ одлучи секој таков билет да чини 600 евра. 

- Откако ја добија оваа информација, во Барселона а на почетокот не веруваа и беа  шокирани, пишува „Diario Sport“.

Во исто време, членовите на семејството и вработените во ПСЖ кои поседуваат сезонски билети ќе можат да дојдат на стадионот без дополнителни трошоци. 

Каталонскиот клуб го смета претстојниот натпревар со ПСЖ за најважен во сезоната, па делегацијата на Барса во Париз би требало да биде релативно голема. 

Првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу клубовите ќе се одигра на 10 април во Париз. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан