• понеделник, 13 мај 2024

Барселона и Атлетико се договорија за трансфер на Гризман

Барселона и Атлетико се договорија за трансфер на Гризман
Мадрид, 5 октомври 2022 (МИА) - Антоан Гризман е блиску до конечна преселба во Атлетико Мадрид од Барселона. Клубовите наскоро ќе потпишат договор за трансфер на францускиот фудбалер за 20 милиони евра плус 2 милиони бонуси, соопштува „Relevo“. Така, страните се откажуваат од клаузулата за откуп на напаѓачот по закупот за 40 милиони евра. Атлетико повеќе нема да мора да го пушта 31-годишниот играч по 60. минута за да ги избегне задолжителните услови за откуп. Самиот Гризман ќе потпише нов долгорочен договор со намалување на платата за 30% - до 7 милиони евра годишно. зс/

Остани поврзан