Балотели „поцрвени“ по само седум минути откако влезе на теренот
- Контроверзниот италијански фудбалер и член на Бреша, Марио Балотели беше исклучен по само седум минути од влегувањето во игра на денешниот натпревар со Каљари во 20. коло од Серија А.

Бреша, 19 јануари 2020 (МИА) – Контроверзниот италијански фудбалер и член на Бреша, Марио Балотели беше исклучен по само седум минути од влегувањето во игра на денешниот натпревар со Каљари во 20. коло од Серија А.
Ова е 13. црвен картон за „Супер Марио“ во неговата кариера.
Во 81. минута, 29-годишниот Балотели доби жолт картон за фаул над еден противнички играч, протестираше кај судијата, по што доби и втор жолт, што автоматски значеше црвен картон.
Балотели е еден од двајцата играчи од најдобрите пет лиги во Европа, заедно со Гемерсон од Монако, кои се исклучувани во секоја од последните четири сезони. зс