• петок, 22 ноември 2024

Балотели ќе си замине од Бреша во летниот преоден рок

Балотели ќе си замине од Бреша во летниот преоден рок
Рим, 21 мај 2020 (МИА) – Марио Балотели ќе го напушти тимот на Бреша на крајот на сезоната 2019/20, објави новинарот Николо Скира. Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, за 29-годишниот Балотели се заинтересирани турски Галатасарај и бразилски Васко да Гама. Се известува дека двата клуба веќе започнале преговори со агентот на играчот, Мино Рајола. Балотели и се придружи на Бреша летото 2019 година како слободен агент. Тој има пет гола на 19 натпревари за тимот во сезоната 2019/20. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 5,5 милиони евра. зс/

Остани поврзан