• петок, 05 декември 2025

Базар на локално претприемништво, традиција и автентични вкусови во Кавадарци

Базар на локално претприемништво, традиција и автентични вкусови во Кавадарци

Кавадарци, 19 ноември 2025 (МИА) - Базар на локално претприемништво, традиција и автентични вкусови, се реализираше и денеска во Кавадарци, во организација на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво. Вчера во дворот на Вински музеј во градскиот парк, денеска на градскиот пазар. 

- Локални производители ги претставија своите најквалитетни домашни производи мед, брашно, ориз, природни масла и многу други рачно подготвени деликатеси. Настан кој ја покажува силата на локалното производство и вредноста што ја создава за заедницата. Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво е посветена на промоција и поддршка на претприемачите, иноваторите и сите визионери што ги движат промените напред, информираа од Општината. 

Притоа истакнаа дека овој собир е одлична можност за размена на идеи, поддршка на иновативни решенија и јакнење на претприемачкиот дух во нашата држава.

- Горди сме на секој поединец кој создава, гради и внесува нова енергија во економијата. Поддршката за иновациите, знаењето и претприемништвото е патот кон посилна, одржлива и конкурентна економија, споделија од Општина Кавадарци.свд/вј/ 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан