• вторник, 21 мај 2024

Баерн го раскина договорот со Салихамиџиќ кој ќе добие милионска оштета

Баерн го раскина договорот со Салихамиџиќ кој ќе добие милионска оштета

Минхен, 20 август 2023 (МИА) - Баерн Минхен и официјално го раскина договорот со Хасан Салихамиџиќ. Спортскиот директор кој во мај доби најава за отказ имаше валиден договор до 2026 година.

 

Сега неговиот договор е раскинат. Според новинарот Флоријан Плетенберг, Салихамиџиќ ќе добие отштета од шест до осум милиони евра.

 

Баерн Минхен минатата сезона не успеа да стигне до завршницата во Лигата на шампионите, а во Бундеслигата, буквално во последните моменти од последното коло успеа да ја одбрани шампионската титула.

 

Четириесет и шестгодишниот Салихамиџиќ, директорската функција во баварскиот фудбалски великан ја извршуваше од 2017 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан