• сабота, 15 јуни 2024

Де Зерби се враќа во Милан?

Де Зерби се враќа во Милан?

Милано, 20 мај 2024 (МИА) - Роберто Де Зерби се најде на листата на кандидати за тренер на Милан.

Италијанскиот стручњак пред неколку дена реши да го напушти Брајтон на две години пред истекот на договорот, бидејќи не успеа да најде заеднички јазик со сопствениците на клубот. Главниот проблем беше договорот за доведување засилувања во преодниот рок.

Во изминатите денови тој беше поврзуван со Баерн, како и со неколку клубови од Премиер лигата. Она што би било предност за миланскиот клуб е фактот што Де Зерби е дете на Милан, но не доби шанса во првиот тим.

Покрај Де Зерби, кандидат за тренер на „росонерите“ е и Португалецот Пауло Фонсека, кој е шеф на стручниот штаб на Лил.

Актуелниот тренер на Милан, Стефано Пиоли има договор со клубот до јуни 2025 година, но челниците на „росонерите“ се незадоволни од неговата работа, поради што планираат да го сменат на крајот од сезоната.

Фудбалерите на Милан пред крајот на Серија „А“ се на второто место на табелата со 19 бодови помалку од првопласираниот Интер. дс

Фото: Архива

Остани поврзан