• сабота, 29 јуни 2024

Баварија го продолжи работното време на продавниците за основни животни намирници

Баварија го продолжи работното време на продавниците за основни животни намирници
Берлин, 16 март 2020 (МИА) - Германската покраина Баварија одлучи да го продолжи работното време на некои продавници, со цел граѓаните да се снабдат со неопходни производи при рестрикриција поради коронавирусот. Супермаркетите, продавниците за прехранбени производи, дрогериите, аптеките, бензиските станици, банките и некои други продавници ќе можат во работните денови да работат до 22 часот, а во недела до 18 часот, изјави премиерот на Баварија, Маркус Седер. Освен тоа, Баварија го проширува ограничувањето кое го веведе претходно и сега ги затвора сите спортски и детски игралишта. Од утре ноќните клубови, кино салите и базените ќе бидат затворени, а од среда и продавниците кои не спаѓаат во приоритетната група за основното снабдување на граѓаните. гт/

Остани поврзан