• понеделник, 20 мај 2024

Ајакс и Борусија Дортмунд го сакаат Чави за тренер

Ајакс и Борусија Дортмунд го сакаат Чави за тренер

Барселона, 7 април 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Чави Ернандез се најде на списокот со кандидати за нов тренер на Ајакс и на Борусија Дортмунд, пишува „Спорт“.

Според извештаите, клубот од Амстердам го цени искуството на Чави како поранешен играч и фактот дека соработувал со многу млади играчи во Барселона.

Во Ајакс пред се ја ценат кандидатурата на Чави поради неговата желба да ја контролира топката.

Потсетуваме, Чави на крајот на јануари годинава објави дека по завршувањето на сезоната ќе ја напушти тренерската позиција во Барселона.

За возврат, раководството на клубот во неколку наврати изјави дека сака да го задржи шпанскиот стручњак. Чави ги предводи Каталонците од ноември 2021 година.

На кормилото на Барселона, Чави освои два трофеи: титулата во Ла Лига во сезоната 2022/2023 и шпанскиот Суперкуп во истата година.

Чави е меѓу споменатите имиња и за нов тренер на Борусија Дортмунд од следната сезона. дс

Фото: Архива

Остани поврзан