• сабота, 27 април 2024

Ахмети се сретна со претседателот Бегај: Иднината на Скопје и Тирана е во ЕУ

Ахмети се сретна со претседателот Бегај: Иднината на Скопје и Тирана е во ЕУ

Скопје, 11 септември 2023

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети денеска во Скопје се сретна со претседателот на Република Албанија, г-дин Бајрам Бегај кој престојува во Скопје во рамки на Процесот „Бердо-Бриони“.

Билатералните односи, евроинтеграциите, меѓусебната поддршка и процесот на уставните измени биле дел од разговорот на средбата меѓу Ахмети и Бегај.

Соработката меѓу двете земји е оценета на високо ниво во сите сфери, без отворени прашања.

Република Северна Македонија и Република Албанија веќе спроведуваат многу проекти заедно, вклучително и оние од економската и инфраструктурната сфера како што се Сувото пристаниште во Струга, заедничката гранична контрола, железницата што ќе ги поврзува двете земји, како и Коридорот 8.

Како особено важен е оценет патот на евроинтеграциите што го следат Скопје и Тирана.

Нашите две земји ги започнаа преговорите за членство во Европската Унија, а меѓусебната поддршка е повеќе од неопходна во овој клучен процес.

Дел од разговорот на оваа средба беше и процесот на уставнитр измени на кој претседателот Ахмети го информираше претседателот Бегај за сите досегашни прогреси и иницијативи, вклучително и формирањето на европскиот фронт.

Демократска унија за интеграција

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ДУИ

 

Остани поврзан