• четврток, 03 октомври 2024

АфД не може да ги пополни сите советнички места освоени на локалните избори

АфД не може да ги пополни сите советнички места освоени на локалните избори

Магдебург, 8 јули 2024 (МИА) - По локалните избори во сојузната покраина Саксонија-Анхалт на почетокот на јуни, десничарската, популистичка Алтернатива за Германија (AfD), која освои неочекувано голем број места во општинските и градските совети, сè уште нема именувано 120 членови на местата што и припаѓаат според изборните резултати.

– Досега не се пополнети вкупно 162 советнички места, од кои 120 ѝ припаѓаат на АфД, која не ги пополни, соопшти Изборната комисија на сојузната покраина Саксонија-Анхалт.

Ваквата состојба се јавува кога врз основа на изборните резултати една партија добива многу повеќе советнички места отколку што има кандидати на листите.

Во поголемите градови како Магдебург, Хале и Десау, сите места се пополнети. Во руралните делови на Саксонија-Анхалт, некои кандидати на АфД одбија да прифатат позиции во советот.

Според изборниот закон, советничките места ќе останат непополнети до следните избори. Тоа е вкупно 3,7 отсто од непополнетите места.

АфД на почетокот на јуни на локалните избори во Саксонија-Анхалт освои најголем број гласови, 28,1 отсто. рп/

Фото: МИА архива

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан