• недела, 22 декември 2024

Од Бејрут успешно евакуирани 60 грчки и кипарски државјани

Од Бејрут успешно евакуирани 60 грчки и кипарски државјани

Атина, 3 октомври 2024 (МИА) – Со транспортен авион Ц-130 на военото воздухопловство на Грција од Бејрут успешно беа евакуирани 38 кипарски и 22 грчки државјани, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас на платформата Икс соопшти дека началникот на Генералштабот Димитриос Хупис во реално време го информирал „за успешниот исход на операцијата за евакуација од Бејрут“ на 60 лица и влезот на авионот во воздушниот простор на Кипар.

Воениот авион првично слета во Ларнака, а потоа продолжи кон воениот аеродром во Атина.

Министерот за одбрана на Кипар Василис Палмас, исто така преку Икс, му се заблагодари на Дендиас за помошта со авионот од грчкото воено воздухопловство со цел да се евакуираат кипарските државјани.

Дендиас и Палмас вчера имаа телефонски разговор во кој се договориле Грција да му стави на располагање на Кипар Ц-130 за евакуација на граѓани. ср/сд/

Остани поврзан