• понеделник, 11 ноември 2024

Бајден следната недела државна посета на Германија

Бајден следната недела државна посета на Германија

Берлин, 3 октомври 2024 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден следната недела ќе престојува во првата државна посета на американски лидер на Германија во речиси 40 години, соопшти денеска кабинетот на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

Ниту еден американски претседател не престојувал во државна посета од обединувањето на Германија во 1990 година, а последната таква посета беше на Роналд Реган во 1985 година, кога Хелмут Кол беше германски канцелар. Реган отпатува за Бон, тогаш главниот град на Западна Германија, Битбург и Берген Белсен.

Штајнмаер ќе го прими Бајден со воени почести во берлинската палата Белви рано во петок на 11 октомври, откако американскиот претседател ќе пристигне доцна во четвртокот вечер во четиридневна посета, соопшти кабинетот на Штајнмаер. Двајцата лидери треба да одржат рунда разговори.

Штајнмаер во четврток попладне ќе приреди државен банкет за Бајден и на американскиот претседател ќе му ја додели највисоката чест на Германија, Специјалната класа на Големиот крст, која е резервирана за шефови на држави.

Германскиот претседател на овој начин ќе изрази благодарност за улогата на Бајден за американско-германското пријателство и за трансатлантската алијанса, особено во услови на руската агресија врз Украина, соопшти кабинетот на Штајнмаер.

Бајден е првиот американски претседател кој ја добива оваа чест по Џорџ В. Буш кој беше претседател на САД од 2001 до 2009 година.

Бајден треба да се сретне со канцеларот Олаф Шолц во петок попладне на 11 октомври. Потоа ќе отпатуваат во југозападната држава Рајнска област-Пфалц в сабота на 12 октомври, каде што ќе се одржи самит за Украина во американската воздухопловна база во Рамштајн.

На самитот Бајден ќе ја координира поддршката за Украина со повеќе од 50 земји кои го поддржуваат Киев, соопшти Белата куќа. Бајден ќе се врати во САД в недела на 13 октомври. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан