Атлетик: Реал Мадрид ќе потпише со Белингем за 100 милиони евра
- Реал Мадрид постигна договор за трансфер на играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, објави „ The Athletic“.

Мадрид, 7 јуни 2023 (МИА) - Реал Мадрид постигна договор за трансфер на играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, објави „ The Athletic“.
Реал на германскиот клуб ќе му плати 100 милиони евра. Според изворот, останале само неколку детали за финализирање на зделката.
Договорот на 19-годишниот англиски фудбалер за врска со Борусија е со важност до летото 2025 година.
Во сезоната 2022/23, Белингем забележа 42 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 голови и седум асистенции. зс/
Фото: ЕПА