• петок, 26 април 2024

Атлетико Мадрид нема да го продава Мората

Атлетико Мадрид нема да го продава Мората

Мадрид, 11 април 2024 (МИА) - Атлетико Мадрид нема намера да се раздели со својот напаѓач Алваро Мората, пренесе „Марка“.

Раководството смета дека фудбалерот е премногу важен за тимот.

Сепак, не недостига интерес за Мората, а Јувентус е еден од тимовите кои се заинтересирани за неговиот потпис.

Но се чини дека играчот ќе остане кај „јорганџиите“, бидејќи има договор до јуни 2026 година.

Мората (31) оваа сезона одигра 42 натпревари, постигнувајќи 20 гола и 3 асистенции. дс

Фото: Архива

Остани поврзан