• вторник, 08 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Атинската новинска агенција АНА-МПА го најави назначувањето на новиот генерален директор

Атинската новинска агенција АНА-МПА го најави назначувањето на новиот генерален директор
Скопје, 1 март 2021 (МИА) - Атинската новинска агенција АНА-МПА за овој месец го најави назначувањето на новиот претседател и генерален директор Аимилиос Пердикарис, кој ќе го преземе кормилото на грчката новинска агенција што постои 116 години. Пердикарис (41) дипломирал право на Националниот каподистријански универзитет во Атина, а постипломски студии за комуникации и нови медиуми ги завршилна Универзитетот за мас-медиуми и комуникации на Атина. Тој е член на Атинската новинарска унија (ЕСИЕА) од 2010 година. Работел како репортер, политички кореспондент, продуцент, програмски водител и како уредник за неколку весници, вклучувајќи ги и некои од најдобрите грчки весници и телевизии. Освен неговиот мајчин грчки јазик, тој исто така зборува и англиски и германски. см/дма/

Остани поврзан