• среда, 25 март 2026

Велика Британија најави вклучување во доставата на хуманитарна помош за Газа по воздушен пат

Велика Британија најави вклучување во доставата на хуманитарна помош за Газа по воздушен пат

Лондон, 26 јули 2025 (МИА) – Велика Британија ќе се приклучи на меѓународните напори за доставување хуманитарна помош во Појасот Газа по воздушен пат, соопшти премиерот Кир Стармер, откако Израел дозволи ваков начин на испорака во услови на влошена хуманитарна состојба.

Стармер рече дека Лондон „итно ги забрзува напорите“ за евакуација на деца со итни медицински потреби, кои би биле третирани во британски болници.

Најавата доаѓа во време кога повеќе од 220 пратеници, вклучително и повеќе од половина од лабуристичките, побараа од владата да ја признае палестинската држава, сметајќи дека тоа е важен чекор кон конечно решение на израелско-палестинскиот конфликт.

Британија и претходно учествуваше во воздушна испорака на хуманитарна помош во 2024 година, во координација со Јордан. Кралското воено воздухопловство (RAF) успеа да достави над 100 тони храна во северна Газа.

Меѓутоа, хуманитарните организации предупредуваат дека воздушната испорака е скап и неефикасен начин кој не може да ги покрие потребите на населението. ссм/

фото: архива

Остани поврзан