Асфалтирана улицата „Вељко Влаховиќ“ во Кавадарци
- Комплетно е асфалтирана улицата „Вељко Влаховиќ“ на површина од 2.710 квадратни метри, инфраструктурната активност од комунална изградба е во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта“, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Кавадарци, 7 август 2023 (МИА) - Комплетно е асфалтирана улицата „Вељко Влаховиќ“ на површина од 2.710 квадратни метри, инфраструктурната активност од комунална изградба е во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта“, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
- Средствата се обезбедени од Владата на Македонија преку заемот на Светска банка, во износ од 1.112.010 евра, што се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, појаснија од кабинетот на градоначалникот.
Оттаму соопштија дека изведувачи на работите се „ОСД“ Скопје и „Градба промет“.
Од кабинетот на Јанчев нагласија дека локалната самоуправа подеднакво води грижа за развој на сите делови од Кавадарци и рамномерно се инвестира како во урбаните, така и во руралните средини од општината. свд/ир
Фото: Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци