• петок, 17 мај 2024

Артета пред реваншот со Баерн: Сакаме да победиме и знаеме како треба да играме за да го направиме тоа

Артета пред реваншот со Баерн: Сакаме да победиме и знаеме како треба да играме за да го направиме тоа

Минхен, 17 април 2024 (МИА) - Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е убеден дека елиминирањето на Баерн и пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите би бил момент кој би го трансформирал Арсенал.

По нерешениот резултат на првиот натпревар 2:2 и одличната игра на двата тима, Арсенал вечерва на „Алијанц Арена“ ќе му гостува на Баерн.

Арсенал никогаш не ја освоил Лигата на шампионите, а оваа сезона по седум години се врати во елитното натпреварување.

Запрашан дали победата над Баерн ќе го однесе неговиот тим на ново ниво, Артета вели: „Апсолутно“.

-Тоа би било неверојатно. Ако успееме, ќе бидеме во полуфинале, ќе бидеме пресреќни затоа што ќе постигнеме нешто што не сме успеале во последните 15 години, вели тој.

За поразот од Астон Вила вели дека веќе е заборавен и тоа е натпревар што нема никаква врска со тоа што ќе се случува во Минхен.

-Фокусирани сме и повторно градиме доверба. Довербата и разбирањето на она што треба да го направиме е нешто што е важно. Секако дека сакам мојот тим да верува во себе без разлика на кој стадион играме. Понекогаш вашиот ривал не дозволува да ги правите работите што ги сакате. Знаеме како сакаме да играме, сакаме да победиме и знаеме како треба да играме за да имаме шанса да го направиме тоа, додаде Артета. дс

Фото: Архива

Остани поврзан