• понеделник, 23 декември 2024

Арсовска на „Генералка Викенд“ заедно со учениците од СУ „Никола Карев“

Арсовска на „Генералка Викенд“ заедно со учениците од СУ „Никола Карев“

Скопје, 12 мај 2023 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со учениците од средното училиште „Никола Карев“ учествуваше на денешната акција за чистење која се реализира на неколку локации низ главниот град со наслов „Генералка викенд“.

-Скопје сакаме да го направиме место со повисок квалитет на живот, со реализација на проектите за изградба на мега парковите, подигањето на нови зелени површини и засадување садници, реконструкции и одржување на постојното зеленило и заштитата на Водно, зелениот штит на градот, се вели во соопштението пристигнато од Град Скопје.

Оттаму информираат дека секторот за животна средина на Град Скопје издава и контролира инсталации со Б интегрирани еколошки дозволи и еколошки елаборати, подготвува акционен план за енергетска ефикасност и клима, постапува по краткорочен план за воздух при алармантни состојби што вклучува засилени инспекциски контроли на сите инсталации, но и по мерки за постапување по долгорочниот план за почист воздух. 

Од Градот исто така информираат дека Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, во периодот мај 2022 до мај 2023 година реализираше и повеќе проекти и дека се подигнати зелени површини како што се Мега парк „Даме Груев“ во Ѓорче Петров, Кеј на река Вардар потег од мост Мајка Тереза до мост Близнак по течение на река Вардар од лева страна, Зелен плоштад во населба Ченто, Зелен коридор на кеј Димитар Влахов пред МАНУ и МКЦ, Зелен коридор на булеварите „Србија“ и „Видое Смилевски Бато“, Зелен плоштад пред СРЦ Сарај, Зелен плоштад на кеј Димитар Влахов, Зелен коридор кај Кванташки пазар, Зелен коридор на улица „Московска“. 

Од Град Скопје велат дека моментално се работи и на паркова површина кај универзитетот „Мајка Тереза“ и зелен коридор на улица „Даме Груев“. сх/нд/

Фото: Град Скопје

Остани поврзан