• четврток, 14 ноември 2024

Арагчи: За Иран важни се постапките, а не изјавите на американските политичари

Арагчи: За Иран важни се постапките, а не изјавите на американските политичари

Техеран, 13 ноември 2024 (МИА) – Многу пати кажавме дека изјавите на американските претставници немаат никаква тежина за нас. Важни се нивните постапки, изјави денеска шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи.

Тој додаде дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во заминување повеќепати најавила дека сака прекин на огнот во Појасот Газа и во Либан, но не се постигнати резултати.

- Ова е или резултат на нивното лицемерие, или нивната неспособност да воспостават прекин на огнот, или и двете, истакна Арагчи.

Иранскиот министер за надворешни работи ја истакна потребата да се намали цената што Иран и САД ја плаќаат за нивните спорови, потенцирајќи оти секогаш постоеле канали за комуникација помеѓу двете земји.

- Понекогаш разликите што ги имаме со САД се многу значајни и можеби се нерешливи, но мора да успееме да ја намалиме тензијата и цената што ја плаќаме, наведе Арагчи.

Портпаролката на иранската Влада, Фатеме Мохаџерани вчера го повика новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да избегне какви било мерки, кои би можеле да ги нарушат правата на Иранците. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан