Арагчи во посета на Бејрут
- Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи денеска пристигна во посета главниот град на Либан, Бејрут
Бејрут, 4 октомври 2024 (МИА) – Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи денеска пристигна во посета главниот град на Либан, Бејрут.
Неговата посета на Бејрут е во момент кога се интензивирани израелските воздушни напади врз цела на Хезболах во Либан.
Тоа е прва посета на висок ирански претставник по убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала на 27 септември во израелски воздушен напад врз Бејрут.
Предвидено е Арагчи во Бејрут да се сретне со либанскиот премиер Наџиб Микати и претседателот на Парламентот, Набих Бери, кој е близок сојузник на Хезболах. ми/
фото: википедија