• вторник, 17 септември 2024

Апсолутен победник на фестивалот „Албански театар во Македонија“ театарот од Тетово 

Апсолутен победник на фестивалот „Албански театар во Македонија“ театарот од Тетово 

Дебар, 1 октомври 2023 (МИА) - Со прогласувањето на најуспешните и доделувањето на наградите, доцна синоќа, во Дебар,  заврши 22. Издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“.  

Апсолутен победник на овој значаен културен настан е театарот од Тетово со претставата „Непријателот на народот“, во режија на Арбен Кумбаро, која стручното жири за прогласи за најдобра. Исто така на Кумбаро му припадна наградата за најдобра режија, додека Арсим Фазлиа, од истиот театар беше прогласен за најдобар актер.

Наградата за најдобра актерка и припадна на Сара Бајрами, од албанскиот театар од Скопје, која настапи во претставата „АДН“. 

Наградите ги врачи градоначалникот Хекуран Дука, кој ним и на сите учесници им посака уште многу настапи и награди.

-Дваесет и две години по ред Дебар е домаќин на оваа ретка културна манифестација на албанските простори. А кој ќе го направи тоа подобро од Дебар кој има наследено посебна култура и цивилизација. Присуството на актери, режисери, критичари на уметноста и културата седум последователни дена му даде на нашиот град посебна живост, што ја заслужува. Општина Дебар како и секогаш ќе ја поддржува оваа активност која има национален одек. Благодарност до организаторите, директорот на фестивалот Илбер Нуредини и секако дебарската публика,  рече Дука.

Во текот на седумте фестивалски вечери се претставија театри и групи од Северна Македонија, Албанија и од Косово, од кои една претстава беше вон конкуренција. 

Одржувањето на фестивалот со 900 илјади денари го поддржа Македонското министерство за култура,  општина Дебар, со 370 илјади денари, како и фирми од Дебар. вт/аа/

Фото: МИА

 

Остани поврзан