• петок, 12 јули 2024

Апелацискиот суд во Њујорк го одби барањето на Трамп за укинување на забраната за јавен говор

Апелацискиот суд во Њујорк го одби барањето на Трамп за укинување на забраната за јавен говор

Вашингтон, 18 јуни 2024 (МИА) - Апелациониот суд во Њујорк денеска го отфрли барањето на Доналд Трамп за укинување на забраната за јавно говорење во процесот за поткуп во второстепениот суд против поранешниот американски претседател.

Највисокиот суд го отфрли барањето повторно да се разгледа забраната за јавно говорење, наметната на поранешниот претседател од страна на судијата што ја води кривичната постапка против Трамп за поткуп, пренесува Еј-Би-Си Њуз.

Судијата Хуан Мерчан му забрани на Трамп јавно да зборува за сведоци, поротници и други кои се поврзани со неговата кривична постапка, која заврши со пресуда минатиот месец. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан