Апасиев: Собранието да ги отвори вратите за мајките да ја следат интерпелацијата на Тошковски
- СООПШТЕНИЕ - Согласно Деловникот на Собранието, граѓанин може непосредно да ја следи пленарната седница од Галеријата, додава лидерот на Левица.
Скопје, 29 април 2025
-Зошто денес да не ги пуштиме мајките на загинатите деца од Кочани кои протестираат во Скопје, во живо да ја следат интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Тошковски, (кој го посочуваат за селективна истрага)?, апелира пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев.
-Согласно Деловникот на Собранието, граѓанин може непосредно да ја следи пленарната седница од Галеријата, додава лидерот на Левица.
Инаку, пратеничката група од Левица поднесе интерпелација против Тошковски и истата денес е на Дневен ред на седница во Собранието на Р. Македонија.
ПП Левица
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.