• петок, 02 август 2024

Анчелоти: Реал Мадрид ќе биде последниот клуб во мојата кариера

Анчелоти: Реал Мадрид ќе биде последниот клуб во мојата кариера

Мадрид, 2 август 2024 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти очекува наскоро да ја заврши кариерата во клупскиот фудбал. Италијанецот има договор со „белите“ до јуни 2026 година.

-Мислам дека ова ќе биде мојот последен клуб. Ако има можност да водам репрезентација, не знам. Не сум особено возбуден да работам со репрезентација затоа што ќе го изгубам дневниот работен ангажман. Навистина уживам во тоа што го работам. Ова ќе биде мојата 29-та сезона како тренер. Вистина е дека освоив многу, но замислете колку трофеи сум загубил, сподели Анчелоти.

Минатата сезона Италијанецот го предводеше Реал до триумф во Лигата на шампионите, титулата во Ла Лига, Копа дел Реј и шпанскиот Суперкуп. Тој веќе пет пати ја освои Лигата на шампионите, што го прави најуспешниот тренер во историјата на турнирот.

Стручњакот смета дека Винисиус Јуниор е фаворит за освојување на Златната топка оваа сезона. Тој ги пофали и останатите играчи во тимот, како и новите засилувања Килијан Мбапе и Ендрик.

-Изградивме фантастичен тим со фантастични млади таленти. Кога Кристијано Роналдо си замина во 2018 година, од година во година успевавме да привлечеме извонредни млади играчи. Клучот е атмосферата која ветераните како Карвахал успеваат да ја создадат, истакна тренерот на „белите“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан