• недела, 22 декември 2024

Македонските кошаркарски јуниори се пласираа во полуфиналето на ЕП

Македонските кошаркарски јуниори се пласираа во полуфиналето на ЕП

Скопје, 2 август 2024 (МИА) - Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација ја совладаа Португалија со 71:42 во четвртфиналето на Европското првенство „Б“ дивизија кое се одржува во Скопје.

Избраниците на селекторот Андреевски одиграа меч во кој водеа од самиот почеток до крајот и нивната победа не беше доведена во прашање.

Македонија влезе меѓу најдобрите четири на еврошампионатот и само една победа ја дели од пласман во А-дивизијата.

Марко Лукановски оствари дабл-дабл ефект од 17 поени и 14 скока, додека капитенот на тимот, Никола Јаничиќ застана на 16 поени, 7 скока и 4 асистенции.

Во полуфиналето нашиот национален тим ќе игра против подобрата репрезентација на натпреварот Швајцарија - Бугарија, кој се игра од 21.часот во салата на СРЦ „Кале“. дс

Фото: КФСМ

Остани поврзан