Анчелоти: Мбапе е извонреден играч, мора да бидеме трпеливи
- Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се осврна на промашениот удар од белата точка на Килијан Мбапе во 5. коло од Лигата на шампионите против Ливерпул.
![Анчелоти: Мбапе е извонреден играч, мора да бидеме трпеливи](https://mia.mk/images/20241128085232_big_730x400_91.webp )
Мадрид, 28 ноември 2024 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се осврна на промашениот удар од белата точка на Килијан Мбапе во 5. коло од Лигата на шампионите против Ливерпул.
- Мбапе ја има сета наша поддршка и наскоро ќе ја сврти ситуацијата во своја полза. Килијан е извонреден играч, мора да бидеме трпеливи. Тој добро се справува со притисокот и се прилагодува на тимот. Реал е со него, го цитира Анчелоти новинарот Фабрицио Романо.
Реал Мадрид е на 24. место во поредокот во Лигата на шампионите со шест бодови. зс/
Фото: ЕПА