• понеделник, 16 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Анчелоти го смета Реал Мадрид за свој приоритет, го одбил Бразил

Анчелоти го смета Реал Мадрид за свој приоритет, го одбил Бразил

Мадрид, 19 април 2025 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти смета дека негов приоритет е да продолжи да работи во мадридскиот клуб.

Италијанецот тоа јасно и го кажа на Бразилската фудбалска конференција (ЦБФ), пренесе Марка. По одбивањето на Анчелоти, главен претендент за селекторската функција на бразилската репрезентација стана Жорже Жесус кој е на чело на Ал-Хилал.

„Скај Спортс“ претходно објави дека Анчелоти би можел да го напушти Реал Мадрид по финалето од Кралскиот Куп против Барселона на 26 април. дс

Фото: Архива

Остани поврзан