• петок, 13 септември 2024

Анчелоти: Винисиус не е во најдобра форма, но тоа е мојата последна грижа

Анчелоти: Винисиус не е во најдобра форма, но тоа е мојата последна грижа

Мадрид, 13 септември 2024 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека од утре почнува многу напорен распоред за тимот и сака добро да го започнат. 

-Успеавме да опоравиме неколку играчи. Секогаш почнуваме со возбуда и желба да се натпреваруваме. Реал Сосиедад е тежок противник, но ние имаме добро чувство, кажа тој на редовната прес-конференција пред колото во Ла Лига.

Анчелоти призна и дека крилниот напаѓач Винисиус Јуниор не е во најдобра форма од почетокот на сезоната, но истакна дека воопшто не е загрижен поради тоа. 

- Винисиус Јуниор не е во својата најдобра форма, но останува многу клучен за нас. Ние не брзаме. Тимот постигнува голови, па тоа е мојата последна грижа. Винисиус секогаш работи добро и дава се од себе. Јас сум многу среќен со она што го прави. Не можам да мислам дека сите секогаш ќе бидат на 100 отсто подготвени, порача Италијанецот. 

Додаде и дека Џуд Белингам и Аурелиан Чуамени утре нема да играат, откако за нив е „прерано да влезат во игра“. 

-Ќе видиме дали се подготвени за дуелот од Лигата на шампионите во вторник, истакна Анчелоти. дс

Фото: Архива

Остани поврзан