• недела, 14 јули 2024

АНСА: Единаесет пратеници ќе бидат казнети поради тепачката во италијанскиот Парламент

АНСА: Единаесет пратеници ќе бидат казнети поради тепачката во италијанскиот Парламент

Рим, 14 јуни 2024 (МИА) - Единаесет италијански пратеници се привремено суспендирани од два до 15 дена со одлука на претседателот на Долниот дом на Парламентот во врска со вчерашната тепачка во пленарната сала, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

До тепачката дојде додека Долниот дом расправаше за контроверзниот владин нацрт-закон за „диференцирана автономија“, кој ќе им овозможи на регионите да бараат повеќе овластувања во изразувањето на даноците собрани во нив и за кој критичарите веруваат дека ќе ја продлабочи поделбата меѓу Северна и Јужна Италија.

Во еден момент пратеникот од Движењето „Пет ѕвезди“, Леонардо Доно, се обиде да му го предаде италијанското знаме на министерот за регионални прашања и автономија Роберто Калдероли, што ги натера пратениците од владејачката коалиција да трчаат кон него.

На снимката од инцидентот се гледа како еден од нив се обидува да го удри. Доно паѓа на земја, а потоа го избркале од салата.

Пратеникот подоцна изјавил дека е добро по извршените лекарски прегледи, но го обвини колегата од партијата „Лига“, Игор Леци дека го удрил во лице.

Леци го негираше обвинението, признавајќи дека се обидел да погоди, но промашил. Најдолгото суспензија паѓа токму на него, бидејќи 15 дена нема да има пристап до Парламентот.

И Доно ќе биде суспендиран, но на четири дена.

Тројца пратеници од владејачката партија „Италијански браќа“ на премиерката Џорџа Мелони, како и по еден пратеник од Лига и Демократската партија се суспендирани на една недела.

Други двајца пратеници од партијата „Лига“ се ограничени на три дена, додека уште двајца од Демократската партија - на два.

По тепачката, опозициските партии „Движење пет ѕвезди“, Зелено-левичарска унија и „Повеќе Европа“ најавија дека ќе одржат протест во Рим. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан