Анкета: Харис има 50 отсто поддршка од гласачите, два поени повеќе од Трамп
- Меѓу веројатните гласачи на претстојните избори во САД во ноември, демократката Камала Харис води со 50 отсто од гласовите, наспроти 48 отсто за републиканецот Доналд Трамп, покажа анкета на Еј-Би-Си Њуз/Ипсос.

Вашингтон, 13 октомври 2024 (МИА) – Меѓу веројатните гласачи на претстојните избори во САД во ноември, демократката Камала Харис води со 50 отсто од гласовите, наспроти 48 отсто за републиканецот Доналд Трамп, покажа анкета на Еј-Би-Си Њуз/Ипсос.
Исто така, меѓу регистрираните гласачи, Харис има поддршка од 49 отсто од гласачите, додека 47 отсто од анкетираните изјавиле дека ќе гласаат за Трамп, пишува Еј-Би-Си Њуз.
Што се однесува на довербата во управувањето со економијата, Трамп има осум процентни поени предност и води со седум процентни поени пред Харис кога станува збор за решавање на проблемот со инфлацијата во САД. јт/
Фото: МИА архива