• вторник, 25 март 2025

Анкета: Три четвртини од Украинците веруваат во победа во војната со Русија

Анкета: Три четвртини од Украинците веруваат во победа во војната со Русија

Киев, 25 март 2025 (МИА) - Три четвртини од Украинците (74 отсто) веруваат во победата на Украина во војната, од кои повеќе од половина (56 отсто) се од југот на земјата, 67 отсто од источните, 79 отсто од централните делови, додека 81,5 отсто од западна Украина, покажа анкетата спроведена од социолошката служба на Центарот Разумков во период од 28 февруари до 5 март.

Според истражувањето, 16 отсто од испитаниците ширум Украина не веруваат во победа, повеќето од нив на југот на земјата (24 отсто), потоа на истокот (23 отсто), додека во централна Украина се 14 отсто и 11 отсто во западните делови на земјата.

Што се однесува до тоа што може да се смета за победа, релативно речиси една третина од Украинците (30 проценти) кои веруваат во победа одговориле дека тоа е протерување на руските војници од целата територија на Украина и обновување на границите од јануари 2014 година.

Исто така, 17 проценти би го сметале за победа уништувањето на руската армија и унапредувањето на востанието во Русија и нејзиниот колапс, 22 проценти го навеле враќањето на статус кво од 23 февруари 2022 година, 11 проценти го навеле протерувањето на руските трупи од цела Украина, освен Крим, додека 10 проценти од испитаниците ја навеле опцијата за завршување на војната дури и ако руската армија остане на териториите кои се заробени како резултат на агресија.

Исто така се наведува и дека уделот на граѓани кои веруваат дека настаните во Украина се развиваат во добра насока е 32 отсто, додека речиси половина (46 отсто) сметаат дека се развиваат во погрешна насока. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан