• сабота, 27 јули 2024

Анкета: Половина од Германците не можат да го замислат животот без фрижидер

Анкета: Половина од Германците не можат да го замислат животот без фрижидер

Берлин, 20 ноември 2023 (МИА) -  Германците најтешко би се откажале од користење фрижидер - речиси половина од анкетирани граѓани не би можеле да си го замислат животот без него, покажува истражувањето на германскиот статистички портал statista.com.

Четириесет и девет отсто од анкетираните не можеле да замислат живот без фрижидер, што е за 5 отсто повеќе од оние кои не би можеле да живеат без паметен телефон.

Автомобилите добиле само 31 отсто од гласовите во анкетата, што значи дека на Германците полесно би се снашле без автомобил отколку без дезодоранс, кој им е неопходен на 36 отсто од анкетираните.

На петтото место на неопходни работи се патиките со 30 отсто, а потоа дигиталната музика.

Само 23 отсто од граѓаните сметаат дека социјалните мрежи се неопходни за живот, но затоа 17 отсто не знаат како би живееле без - пиво. зш/

Остани поврзан