• сабота, 21 декември 2024

Анкета: Ништо не може да им го смени мислењето за вакцинацијата на 56 отсто од невакцинираните во Грција

Анкета: Ништо не може да им го смени мислењето за вакцинацијата на 56 отсто од невакцинираните во Грција
Атина, 3 ноември 2021 (МИА) – Ништо не може да им го промени мислењето и да ги натера да се вакцинираат, 56 отсто од невакцинираните во Грција,  вклучени во истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Од анкетирани 1.907 граѓани со право на глас, 73 проценти рекле дека примиле барем една доза од вакцината, додека пак на останатите, на невакцинираните им било поставено прашањето на кој начин, евентуално, би можеле да се убедат да се вакцинираат. Поголемиот дел (56 отсто) рекле дека ништо не може да им го промени мислењето, 14 проценти одговориле дека е потребно поголемо информирање од лекарите и експертите, осум отсто рекле дека тоа треба да го предложат луѓе поврзани со религијата, а исто толку одговориле дека задолжителната вакцинација би им го сменил ставот. На политичката сцена, Нова демократија и понатаму е во предност пред СИРИЗА со разлика од 12 проценти, а актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис со 41 отсто е посоодветен за премиер во споредба со лидерот на опозицијата Алексис Ципрас, кој добива 25 проценти. Испитаниците, позитивно ги оценуваат договорите што грчката Влада ги потпиша со САД и Франција. Грчко- францускиот договор, позитивно го оценуваат 65 отсто, а грчко – американскиот 58 проценти од анкетираните. Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Pulse“ за „Скај“ било спроведено од 22 до 25 октомври со анкетирани 1.907 граѓани со право на глас.ср/

Остани поврзан