• понеделник, 01 јули 2024

Андреас Трајковски без европско финале во скок во далечина

Андреас Трајковски без европско финале во скок во далечина

 

Рим, 7 јуни 2024 (МИА) – Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски не успеа да се пласира во финалето во дисциплината скок во далечина на Европското првенство кое денеска почна во Рим.

Трајковски во квалификациите прескокна 7.73 метри со што се пласираше на 22 место во конкуренција на 29 натпреварувачи.

Нормата за пласман во финалната серија изнесуваше 8 метри или пласман до 12 место од двете квалификациски групи.

Најдобар во квалификациите беше Швајцарецот Симон Ехамер со 8.41 метри што е најдобар резултат во скок во далечина оваа сезона во светски рамки.

Вториот македонски учесник на Европското атлетско првенство, Дарио Ивановски, својот настап во полумаратонската трка ќе го има в недела. Полумаратонот стартува во 9 часот. ег ФОТО: АФМ

 

Остани поврзан