• недела, 22 декември 2024

Англија фаворит за титулата на ЕВРО2024, според ОПТА

Англија фаворит за титулата на ЕВРО2024, според ОПТА

 

Лондон, 4 јуни 2024 (МИА) – Агенцијата за фудбалска аналитика и статистика ОПТА ја издвои Англија како прв фаворит за освојување на титулата на претстојното Европско првенство.

Според ОПТА, англиската репрезентација е главен фаворит за европската титула со 19,9 проценти, пред Франција (19,1 отсто) и домаќинот Германија (12,4 отсто).

Европското првенство во 2024 година ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули.

Селекцијата на Англија во групата фаза за противници ќе ги има селекциите на Словенија, Данска и Србија. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан