Англиските премиерлигаши од претстојниот викенд ќе играат со нови топки
- Од оваа недела екипите од англискиот фудбалски шампионатот ќе играат со нови топки.

Лондон, 2 март 2022 (МИА) - Од оваа недела екипите од англискиот фудбалски шампионатот ќе играат со нови топки.
Прес-службата на натпреварувањето на Твитер објави фотографии од новите топки.
- Новата топка ќе дебитира овој викенд, се вели во објавата.
Викендов ќе се играат натпреварите од 28. коло во Премиер лигата.
Манчестер Сити е прв на табелата со 66 бодови, а по него е Ливерпул со шест бодови помалку. зс/