• вторник, 16 април 2024

Ана Брнабиќ: Најверојатно е дека ќе има нови, а не повторени избори во Белград

Ана Брнабиќ: Најверојатно е дека ќе има нови, а не повторени избори во Белград

Белград, 25 февруари 2024 (МИА)- Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека најверојатно ќе има нови, а не повторени избори во Белград, додавајќи дека „ниту еден глас не е украден“ и дека никогаш нема да прифати меѓународна истрага за изборите од 17 декември, јави дописникот на МИА од Белград.

Таа оцени дека изборите се одржани, дека се легитимни и дека особено во Белград имало силна контрола за да „не може ни мува да прелета, а не нешто се украде“.

-Очигледно дека не може да се направи мнозинство, математички може, ние имаме мнозинство, но Александар Вучиќ постави убав стандард дека математиката не е политика. Рековме, не сме сигурни дека тоа е сосема легитимно. Значи, ако народот не сака, на крајот на краиштата, и тие што гласаа за господинот Несторовиќ, иако листата го носеше името на Јерковиќ - во ред, ајде да видиме. Тогаш тоа е полн легитимитет, се е во ред, рече таа на ТВ Прва, наведувајќи дека најреалната опција во Белград се нови избори, но „никако повторени“.

-Значи, не одиме на повторени избори, одиме на сосема нови избори во Белград. И, како што стојат работите во моментов, тоа изгледа како најреална опција што ќе се случи. Иако постојат можности по следните избори повторно да биде истата ситуација и оваа листа повторно да биде јазичок на вагата. И што ќе се случи ако имаме сличен однос на силите? Како ќе им објасните на граѓаните дека сега донесовте поинаква одлука, а изгубивте 6, 7, 8 месеци шанси, можности... Мислам дека односот на силите сега ќе биде поинаков, рече Брнабиќ.

На прашањето што во Белград почнуваат консултации за Владата, а во Брисел опозицијата бара меѓународна комисија да ги истражи изборите на 17 декември, Брнабиќ рече дека Европскиот парламент веќе не е доволен за опозицијата, туку сега одат до Европската комисија за „да лобираат како треба да изгледа истрагата“.

-Никогаш нема да дозволам меѓународна истрага, бидејќи тоа бара укинување на суверенитетот на земјата. Како може некој да биде опозиција на својата земја барајќи пристап до сите бази на податоци, МВР да ги отвори сите податоци, странците да бараат теренска проверка, пребројување на луѓе кои живеат во становите, куќи, рече премиерката на Србија. об/

Остани поврзан