• четврток, 19 декември 2024

Анализа за соработката меѓу земјите на Западен Балкан во областа на даночните и царинските системи

Анализа за соработката меѓу земјите на Западен Балкан во областа на даночните и царинските системи

Скопје, 25 септември 2023 (МИА) - Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ) денеска ќе организира конференција на тема „Регионална интеграција преку подобри даночни и царински системи на земјите од Западен Балкан”.

-Целта на конференцијата е да ги промовира наодите од нашата најнова анализа, која ја истражува интеграцијата и соработката меѓу земјите на Западен Балкан во областа на даночните и царинските системи, соопшти организаторот. 

Ќе се обратат претставници од институциите и приватниот сектор и експерти кои работеле на подготовка на анализата. По официјалното отворање на конференцијата и презентација на клучните наоди од анализите, ќе следува панел-дискусија.

Конференцијата се организира во рамки на проектот „Поврзување на земјите од Отворен Балкан преку добра даночна и царинска политика”, имплементиран од ЗМАИ, а финансиран од Фондацијата Отворено Општество - Македонија. хс/нд/

Фото: ЗМАИ

Остани поврзан